Утрово 6 степени во Берово, Маврови Анови, 7 Попова Шапка, 8 Струмица, Крива Паланка, Крушево, Лазарополе, 9 Велес, Штип, Гевгелија, Битола, Виница, 10 Скопје-Петровец, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Претор, 11 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 12 Куманово, Демир Капија.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени. Во Битола до 17 степени.












