ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ

Во изминатите 24 часа најмногу дожд 18 л/м2 наврнаа во Охрид, Лазарополе, 16 Маврови Анови, 14 Попова Шапка, 10 Пожаране, 8 Куманово, Претор, 7 Крива Паланка, Крушево, 5 Скопје-Петровец, Пожар, 4 Прилеп, Виница, 3 Битола, Штип, Велес, Тополчани, Демир Капија, 2 Тетово, Берово, 1 Гевгелија.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен западен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. Во Битола до 28 степени.