Европската комисија денеска треба да го соопшти мислењето за статусот на Украина како кандидат за ЕУ.
Лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија, како што вчера во Киев изјави францускиот претседател Емануел Макрон на заедничката прес-конференција, се за тоа на Украина да ѝ се додели статус кандидат за членство во ЕУ „веднаш“.
Сите четворица поддржуваме давање статус на непосреден кандидат“, рече Макрон. Тој додаде дека овој статус е проследен со патоказ што значи и да се земе предвид состојбата на Балканот и соседството, особено во Молдавија.
Лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија вчерасе сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев за да ја уверат Украина во европската солидарност против руската агресија. Во меѓувреме, продолжуваат борбите во Донбас, а руските сили ги засилуваат нападите врз Северодонецк.
Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот премиер Марио Драги и романскиот претседател Клаус Јоанис денеска се сретнаа со Зеленски, додека украинскиот претседател бара потешко вооружување за да ѝ се спротивстави на Русија.
Украина претходно ги критикуваше Франција и Германија, и во помала мера Италија, дека се двоумат и бавно доставуваат помош во оружје.












