Утрово 1 степен на Попова Шапка, 3 Лазарополе, 4 Маврови Анови, 5 Крушево, 8 Крива Паланка, Претор, Битола, Берово, 9 Охрид, Прилеп, 10 Тетово, 11 Скопје-Петровец, Штип, Виница, Куманово, Дојран, 12 Струмица, Гевгелија, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија.
Најмногу дожд 7 л/м2 наврнаа во Лазарополе, 5 Битола, 4 Гевгелија, Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 2 Дојран, 1 Скопје-Петровец, Тетово, Пожаране, Охрид, Берово, Крушево, Куманово, Тополчани.
Во текот на ноќта времето беше облачно, на места со врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за изолирана појава на невреме. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој во периодот на пороен дожд ќе засилува.
Максималната температура ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Битола до 15 степени.












