ТЕРА

REKLAMA???

ДЕН НА ЖАЛОСТ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

Владата на вчерашната седница донесе одлука со која што денешниот ден, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост.

Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година.

За време на денешниот Ден на жалост, знамето на Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство.

На почетокот на владината седница беше оддадена почит за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.