ТЕРА

REKLAMA???

ДИВО ПОСТАВЕНИТЕ ЅВЕЗДИ НА ШИРОК СОКАК ПРОСЛАВЕНИ СО ШАМПАЊ

Без дозвола или мислење од Управа за културно наследство(УЗКН), без да ги праша Битолчани, без одлука од Советот на општина Битола, без консултации со Комисијата за урбанизам, без консултации со општинската Комисија за споменични обележја, се одржа свечена церемонија на откривање на диво поставените спомен-обележја на лауреатите од фестивалот „Браќа Манаки“.

 

ИФФК „Браќа Манаки“ со шампањ ги прослави своите досега диво поставени месингани ѕзезди на кои се изгравирани имиња на плеада светски директори на фотографија – кинематографери, значајни за светот на филмската индустрија.

Во присуство на внукот на Милтон Манаки кој го носи името на славниот балкански снимател и градоначалникот на Битола, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ , актерот Симеон Дамевски денеска попладне со шампањ ја прослави својата идеја – на Широк Сокак да направи „Патека на славните“ кинематографери.

Според изјавите на директорот на Фестивалот, церемонијата на откривање на ѕвездите била предвидена без изјави од сите вклучени. Оттука непоставени пред одговорните останаа прашањата:

  1. Дали има дозвола од УЗКН да ги постави ѕвездите во за оваа намена новопоставените гранитни плочи?
  2. Дали ги праша Битолчани дали сакаат на среде Широк Сокак да имаат ваква патека?

На вториот дел од Широк Сокак, на потегот од крстосницата со ул. Димитар Илиевски Муратот, a кога се движите на Широк Сокак , буквално на Сокакот,  се појавија и налепници од  еден од  спонзорите  на месинганите ѕвезди „Божиновски часовници и накит“.

И за нив не успеавме да поставиме прашање дали има дозвола од било која институција која се занимава со заштита на културното наследство, затоа што според законите, целта на заштитата на културното наследство е да се „спречат дејства, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување, уништување, растурање, исчезнување, деградирање и противправно присвојување на културното наследство.“

Засега Широк Сокак сведочи на поговорката дека кучињата лаат, а караванот врви.