Утре во Битола – интересен и необичен настан во организација на модното ателје Le Brand и кафе бар „Добри Вибрации“ – прв Pop up во градот, уникатен спој на два сосема различни и неверојатни светови.
Она што се случува во големите метрополи, утре ќе биде реалност на Широк Сокак.
Сопствениците на овие два бренда прават фузија на убави енергии инспирирани од нивната посветена работа, професионалност и креативност.

Исклучително уникатни и совршено изработени модели, од висококвалитетни материјали и апсолутно препознатлив стил на битолската креаторка Лили Кадинска, ќе бидат изложени во кафе барот „Добри вибрации“. Овие дизајнерски парчиња ја претставуваат вистинската оргиналност и урбан стил, кој Le Brand ги пренсува во својот моден израз низ годиниве.
Битолчани чија пасија се модата и урбаниот стил на живеење, утре ќе можат да уживаат во настанот и да ја искористат понудата уникатни дизајнерски парчиња облека од студиото Le Brand Studio, потпишани од модната креаторка Лили Кадинска, да ги добијат со 10 проценти попуст доколку купувањето е од местото на настанот.
Тимот на „Добри вибрации“ ќе подготви коктели со промотивни цени за совршено освежување и уживање.

Од 12 до 14 часот, во кафе бар „Добри Вибрации“ на Камен мост, подгответе се за одлична и поинаква празнична атмосфера со многу стил, уметност и дружење.













