ТЕРА

REKLAMA???

Мечка пред еден час се прошета на полињата околу пелагониско Драгарино

Мечка пред еден час се прошета на полињата околу пелагониското Драгарино. Видеото го покажува љубопитното животно коешто го привлече вниманието на авторот на ова видео, Валентин Ацевски.

Група од четворица жители на ова пелагониско село денеска извршувајќи ги своите редовни земјоделски активности ја забележале мечката за која претпоставуваат дека е млада. „Додека садевме пипер се појави на 10 метри од нас.“ Ова е првпат долку блиску, на 10 метри од себе да забележи мечка или било кое друго диво животно. Вели, другпат забележувале траги од мечки, дури и поголеми од трагите што ги остави оваа, но немале ваков вид на директна средба.

Сега авторот на видеото се прашува дали се работи за едно или повеќе мечиња кои шетаат низ Битола и Пелагонија.

Младо мече неколку дена го привлекува вниманието на Битолчани кои сеуште се зачудени што диво животно слободно се шета низ градот. На социјалните мрежи се споделуваат видео содржини од граѓаните.

Иако мечето засега покажува мирољубиво однесување и веднаш се повлекува, сепак се работи за диво животно. Зато познавачите даваат неколку важни препораки до граѓаните:

Не го вознемирувајте: Доколку го забележите, не се обидувајте да му се приближите за да го сликате или храните.

Внимавајте на милениците: Рекреативците кои ги шетаат своите кучиња под Тумбе Кафе да бидат повнимателни и да ги држат на поводник.

Имајте на ум – каде има мече, има и мајка: Најголемата претпазливост доаѓа од фактот што малите мечиња ретко се целосно сами, а мајките мечки можат да бидат заштитнички настроени ако почувствуваат дека младото е загрозено.