Ривалските фракции во Судан се согласија да го продолжат тридневниот прекин на огнот, неколку час пред тој да заврши синоќа на полноќ по локално време, јавуваат светските медиуми.
Примирјето е продолжено за уште 72 часа, а е договорено по интензивните дипломатски напори на соседните земји на Судан, како и на Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Обединетите нации.
Сепак, како што јавуваат медиумите борбите и натаму продолжуваат во главниот град Картум и покрај прекинот на огнот.
Состојбата во Судан може да се влоши во секој момент и Американците би требло да ја напуштат таа земја во следните 24 до 48 часа, порача Белата куќа.
Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени од порастот на кршењата на прекинот на огнот, а Стејт департментот за таа цел ангажирал дополнителен конзуларен персонал.












