ТЕРА

REKLAMA???

ДОГОВОР ЗА ПРЕКИН НА ОГНОТ МЕЃУ АЗЕРБЕЈЏАН И ЕРМЕНИЈА

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Москва посредувала во преговорите за прекин на огнот помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Се надеваме дека договорот постигнат по руското посредување за прекин на огнот од девет часот по московско време ќе биде целосно испочитуван, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Исто така се посочува дека Русија е „исклучително загрижена поради влошувањето на ситуацијата“ на ерменско-азербејџанската граница и ги повика „страните да се воздржат од каква било ескалација“.

Претходно беше соопштено дека државниот секретар Ентони Блинкен одделно разговарал со премиерот на Ерменија, Никол Пашињан и со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев „за да изрази длабока загриженост поради воените акции долж ерменско-азербејџанската граница, вклучувајќи гранатирање во Ерменија“, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

„Државниот секретар ја истакна потребата од деангажман на воените сили и (одделно) ги увери премиерот Пашињан и претседателот Алијев дека САД ќе притиснат за итно запирање на борбите и мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан“ соопштија од американскиот Стејт департмент.