ТЕРА

REKLAMA???

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД КОНКУРСОТ ЗА КРАТОК РАСКАЗ „ЧЕСТ“

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Организацијата на жени на Општина Битола – Битола и НУУБ ,,Св.Климент Охридски,, – Битола распишаа традиционален литературен конкурс за краток расказ. Оваа година по десетти пат. Конкурсот беше  отворен од 25. Јануари до 25. Февруари, а годинешната тема беше „Чест“.

Околу идејата за организирање на овој настан заменик претседателкатата Светлана Папачек ни рече:

„Многу години се зад нас. Во едно време не така многу одамна, жените го прославуваа 8 – ми март така што работните организации ги носеа на патувања, организираа забави со свирки и т.н. А, црвениот каранфил беше заштитен знак за празникот. Денес е поразлично. Се организираат маршеви за родова еднаквост, трибини и слично. Забавите речиси и да умреа. Ретко се слави во кафеана, со музика. Сега е друго време. Токму затоа ние како организација донесовме одлука да прославуваме поразлично од сите други женски организации. Решивме на почетокот на секоја календарска година да распишеме конкурс за кус расказ на тема жена, но со посебни наслови кои се поврзани со неа, со жената. Имавме теми мајка, баба, учителка… дури имавме и три дена женски активизам во Битола – дарување крв, промоција на наша писателка, посета на старските домови во нашиот град и што уште не“.

Конкурсот беше отворен за сите кои пишуваат на македонски јазик и може да учествува буквално секој кој сака да се искаже на темата, без разлика на пол, верска припадност, возраст.

Главната манифестација се одржа на 3-ти март, кога беа доделени наградите.Расказите ги оценуваше реномирана жири комисија. Папачек ни изјави дека со оваа манифестација имаат за цел да се популаризира читањето кај младите.

Оваа година беа пријавени 33 раскази. Гости беа учениците од ООУ. Ѓорѓи Сугарев – центар за поддршка во учењето на децата со попреченост. Манифестацијата дополнително ја збогати Лука Ристановски кој ги почести присутните со неговата песна ,,Сите сме исти”.