ТЕРА

REKLAMA???

ДОЛГИ АПЛАУЗИ ПОСЛЕ ПРОМОЦИЈАТА НА АЛБУМОТ „ЕХО“ НА ЗАРИНА ПРВАСЕВДА

Посетителите во Македонската Филхармонија, беа сведоци и сопатници на едно безвременско патување низ традиционалната музика на Балканот. Комбинација на традиција, музика, емоции, песни отпеани од македоснкиот славеј, на турски, албански, српски и бугарски. Зарина Првасевда го одржа својот солистички концерт-промоција на нејзиниот прв официјален студиски албум, насловен како „ЕХО“ кој  излезе под етикетата на Croatia Records. Таа уживаше на сцена заедно со целиот ансамбл професионални музичари, исто колку што уживаше и публиката во една прекрасна меѓусебна комуникација и размена на убава енергија.

” Овој концерт претставува своевидно заокружување на првиот циклус – нашето виртуелно дружење изминативе две – три години по социјалните медиуми, со што отпочнуваме ера на заедничко физичко споделување на енергија, љубов и музика кое на крајот на денот го заслуживме и јас и мојата публика и сите мои следбеници. Овој настан го чекав и замислував откако знам за себеси, што говори за тоа дека е од вистински голема емотивна важност за мене. Присутните беа сведоци на најубавиот ден во мојот живот како и остварувањето на сонот на едно мало девојче што никогаш не престана да сонува, дури и кога се чинеше речиси невозможно“, вели Зарина Првасевда.

11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови и уникатни аранжмани, се дел од нејзиниот албум. Станува збор за традиционална музика со џез елементи, која на моменти потсетува на филмска музика, а е отпеана на македонски, албански, турски, српски и на бугарски јазик.

– „Сакав да ја споделам музиката која што ја носам во срцето со публиката. Сметам дека со моите соработници овој албум го создадовме на начин кој верувам ќе допре до помладата публика, која што најверојатно не би имала шанса и прилика да ја спознае традиционалната музика“ – вели таа.

„Билбил пее“ песната по која ја запозна публиката, звучеше фантастично во придружба на Васил Хаџиманов. Емотивното музичко патување беше заокружено со фантастична костимографија која на целата приказна ѝ даде комплетна слика. Водечкиот сценски фустан е креација на Елена Лука.

Зарина на коцертот беше придружувана од нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир. Како специјални гости настапија Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.

Таа планира слични концерти да одржи и во другите градови низ Македонија, пред се во Охрид и во Битола.