На 7 август 2026г. -петок од 20.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на фотографии и дигитални дела “ДОМА – МЕЃУГЕНЕРАЦИСКИ ДИЈАЛОЗИ ЗА ДЕНОТ И НОЌТА“ – колаборативен проект на Александра Ацеска и Илија Ацески (ќерка и татко).
Изложбата е визуелен дијалог во кој се откриват две перспективи на поглед кон светот. И од тука лежи една фундаментална тензија. Едената перспектива, на Ацеска е аспект од нашата природа кој се стреми да разбере преку дисекција — да разложува, анализира и поедноставува, во потрага по значење. Другата перспектива е таа на Ацески, и е аспектот кој ја сфаќа суштината на нештата не преку прекумерна анализа, туку преку директно искуство и прифаќање.
Изложбата се позиционира токму во тој простор меѓу двата пола: место каде што едноставниот симбол може, всушност, да содржи цел универзум, и каде што значењето се појавува како соработка што го чека доаѓањето на набљудувачот.












