Најновиот видео запис на Александар Гулевски е со наслов „Дом“.Музиката и текстот се на Гулевски, видеото е дело на амостојниот уметник под псевдоним Микеланџело Буонароти, кој работи за платформата Пекселс. Гулевски благодарност упати и кон Сашо Миленковски, Димитар Жиров и добрите души од Битола. Песната беше промовирана во Порта џез, а присуствуваа режисери, музичари, музички критичари и бројни љубители на добриот музички звук.
„Скромен и ненаметлив, горд на своето музичко минато, со јасна визија за својата музичка иднина, себеоткривајќи се постојано, нѐ тера да се спознаеме и одвнатре, за тоа кои сме и што сме и однадвор, за тоа какви сакаме да бидеме и сето тоа преку музиката“, ќе напише Илија Талев – музички критичар и DJ.

Битола и битолчани отсекогаш биле поклоници на музичкиот правец кој во моментот го негува Александар Гулевски. И можеби не случајно, токму од Битола започнува неговото ново музичко поглавје. Божја волја или судбина? Ќе слушнеме наскоро во форма на ЦД.
Околу идејата за „Дом“ Гулевски ни изјави: „Композицијата е запознавање на најдлабоките места на нашиот внатрешен живот, и како тоа запознавање ќе не поправи и однадвор“. Песната „Дом“ е втор сингл на Александар Гулевски, од неговиот претстоечки деби албум, кој е во подготовка.












