ТЕРА

REKLAMA???

ДОНАЦИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ Битола, активно се вклучија во хуманитарната акција од „Дете за дете“ со донирање на парична помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

На иницијатива на Советот на родители, а со поддршка на вработените при основното училиште „Гоце Делчев“, учениците со своите родители дадоа голема поддршка на акцијата, во која исто така масовно се приклучи и наставниот кадар и останатите вработени.

Акцијата се спроведуваше деновиве. Беа поставени четири картонски кутии за собирање на парични средства, со сите четири објекти на училиштето.

Комисијата во состав од претставници од Советот на родители, наставници и ученици ги утврди собраните парични средства во висина од 50.214 денари и ги уплати на донаторската сметка одтворена за настаданите.