ТЕРА

REKLAMA???

ДО КАДЕ Е ОБЕШТЕТУВАЊЕТО ЗА ШТЕТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ?

Штетите од земјотресот кој ја погоди Битола во 2022 година се најдоа на седницата на Советот, како дополнитена точка од страна на СДСМ.

„Имаме информации дека дел од граѓаните кои поднесоа барање за обештетување од земјотресот од 2022 година дека се уште не му се исплатени, ќе побараме информација од страна на општинската администарција“ рече советникот од СДСМ, Петар Николовски.

За ова побаравме одговор од координаторот на ВМРО ДПМНЕ дали тие имаат инфомрација до каде е исплатата.

„Штетите од земјотресот како што сум јас информиран уште претходната година средствата се веќе на сметката на Општина Битола, односно е направена проценката, сега дали е почнато да се исплаќаат или не, немам точна информација во моментот. Ќе дојдат од одделението за финансии бидејќи се работи за кварталниот извештај и завршната сметка, ќе кажат дали е отпочната постапката за исплаќање“ вели советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

Точката се најде на дневен ред и за неа немаше расправа, туку веднаш поминаа на гласање.

Едногласно го усвоија предлогот. Сега советот ќе чека информација од администрацијата до каде е процесот на обештетување за штетите од земјотресот од 2022 година.