Германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека ќе има последици доколку Кина ѝ испрати оружје на Русија за војната во Украина, но тој е оптимист дека Пекинг ќе се воздржи од тоа.
Шолц ова го изјави во вчерашното интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, два дена по средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон.
Американските власти неодамна предупредија дека Кина може да излезе од маргините и да почне да обезбедува оружје и муниција за Москва.
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен за ова прашање рече досега немаат докази за ова, но мора да го набљудуваат секој ден.
Фон дер Лајен рече дека дали Европската Унија ќе ја санкционира Кина за давање воена помош на Русија е хипотетичко прашање на кое може да се одговори само ако тоа стане реалност и факт.












