Да им се даде приоритет на случаите поврзани со железничката несреќа кај Темпи и доколку е потребно, распоредување на највисоко можно истражно ниво, бара грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во дописот испратен до обвинителот од Врховниот суд Исидорос Дојакос.
По минатонеделниот трагичен судир на возови во Грција во кој загинаа речиси 60 млади лица, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објави дека европскиот блок е подготвен да ѝ помогне на оваа земја во насока на модернизација на железницата и подобрувањето на безбедноста.
Експерти од Комисијата и Агенцијата на ЕУ за железници оваа недела ќе отпатуваат во Атина.












