Македонскиот европски шампион во мотоциклизам, Петар Мијалков, продолжува да добива признанија надвор од границите на државата. За неговиот исклучителен успех и освојувањето на титулата во БМУ Европскиот шампионат, Мијалков доби специјална плакета за остварени спортски резултати во Молдавија.

Свеченото врачување на плакетата се одржа во реномираната сала „Каса Алба” во градот Унгени, каде што признанието лично му го предаде претседателот на Турската мото федерација, Хакан Ертан Пеливан. Во еден од најемотивните моменти на настанот, Мијалков при примањето на наградата гордо го развеа македонското знаме, испраќајќи силна порака за успехот, трудот и достоинственото претставување на Македонија на европската и меѓународната спортска сцена.
Признанието од Молдавија е уште една потврда дека спортските успеси на Петар Мијалков одамна ги надминаа националните рамки, а неговата приказна продолжува да инспирира – како во Македонија, така и пошироко низ Европа.


















