Новата емисија од серијалот „Чујте Срби чувајте се себе“ се навраќа на историјата и на прашањата што и денес предизвикуваат размислување. Кој бил офицерот на српската војска кој, и покрај разочараноста од сопствената команда, им наредил на војниците од веќе десеткуваниот доброволен одред да тргнат во борба за освојување на Кајмакчалан?
Што значи симболот „Наталија Рамонда“ и зошто српскиот народ токму овој цвет го носи на реверите на денот на победата? Зошто современиот свет сè повеќе ја прифаќа 11 ноември 1918 година како крај на првата светска војна, напуштајќи ја реториката на „ден на примирје“ и признавајќи го како ден на победата – ден кој и во Битола достојно се одбележува?

Точно во 11.00 часот на 11 ноември беше одбележана годишнината од крајот на Првата светска војна. Големата војна однесе многу животи, па одбележувањето стана традиционално битолско потсетување на светот – дека војни не треба да има.

Во присуство на високи дипломатски и воени делегации, конзуларни претставници и почесни конзули на светските држави во Битола и припадници на Заедницата на Срби на Македонија беше оддадена почит на хероите кои ги положија своите животи за слобода на просторот на Македонија. На одбележувањето беа и државниот секретар на министерството за труд и социјална политика на Србија Зоран Антиќ, питомците на полициската и воената академија, претставник на амбасадата на Србија во Македонија, пратеникот Драган Недељковиќ, пратеник во македонското собрание, директори на агенции и почесните конзули на Србија во Македонија.

На Кајмакчалан, таму каде што сеуште има крв од жртвите на Првата светска војна прват во поновата историја се одбележа животот и војничките активности на војникот кого современиците го опишале како „дивизија во еден човек“. Војводата Вук – Воин Поповиќ е офицер, војсководец кој со својот доброволен одред помагал да се заземат котите на Кајмакчалан и Пелагонија за да се пробие солунскиот фронт. На одбележувањето организирано од Заедницата на Срби во Битола мала група посветени активисти на 29 ноември се искачуваа на Кајмакчалан. На среде еден нов дрвен знак упатува кон плочата којашто информира дека на 16.11.1916 година на ова место загинал Војвода Вук. Патот продолжува кон спомен-плочата на Војвода Вук, обвиена во густа магла и удари од силен северен ветер. Во тие сурови услови, кои наликуваат на времето на големите битки, за првпат се одбележува споменот на Војвода Војин „Вук“ Поповиќ – тивко, достоинствено и со длабока почит.













