Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора пристигна во Вестминстерската сала од Бакингемската палата во поворката која траеше триесет и осум минути.

Телото на кралицата ќе лежи во Вестминстер во следните пет дена, а оние кои сакаат да ѝ оддадат почит ќе можат да влезат и да го видат ковчегот.
Во поворката зад ковчегот на кралицата одеа нејзините синови, принцезата Ана и принцовите Вилијам и Хари.

Еден од војниците кои го чуваат ковчегот на кралицата Елизабета Втора се онесвести додека се одржуваше церемонијата. Тој колабира во раните утрински часови покрај ковчегот што цела ноќ го посетуваа Британците, за да и оддадат почит на кралицата.












