ТЕРА

REKLAMA???

ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА АКИ РАХИМОВСКИ

На 22- ри јануари се одбележа една година од смртта на легенадрниот пејач на Парни Ваљак Аки Рахимовски. Бројни фанови на групата го посетија неговиот гроб за да му оддадат почит. Па така на гробиштата во Загреб осамнаа букети свежо цвеќе и шишиња со „Скопско“ омиленото пиво на Аки кои ги оставија неговите обожаватели.

Аки почина на возраст од 67 години по проблеми со срцето. Само неколку дена пред смртта му беа вградени четири стентови во болницата во Загреб. Рахимовски беше роден во Ниш во 1955 година, но пораснал во Скопје, каде што неговото семејство се преселило кога бил мал. Тука почнал да го стекнува своето музичко образование, учејќи клавир и пеење. По доаѓањето во Загреб бил член на неколку групи, како „Вакуум“, „Браќа по крв“ и „Тор“,пред да го запознае гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ, со кого во 1975 година ја основал групата „Парни ваљак“, која низ годините ќе стане една од најпопуларните во поранешна Југославија, а Рахимовски еден од најдобрите фронтмени.

Со „Парни ваљак“ сними 16 студиски албуми, 14 синглови, 5 лајв-албуми, 4 компилации и две концертни дивиди-изданија. Недоброени се хитовите на групата, на кои неговата интерпретација им даде посебен, само нему својствен, автентичен печат.

Во 2017 ја доби Златната бубамара за трајни музички вредности како своевидна потврда за музичкиот печат што заедно со групата „Парни ваљак“ го остави на пошироката музичка сцена. Тоа не беше негово прво учество на манифестацијата Златна бубамара на популарноста. Заедно со Тоше Проески во 2004 ја отпеаа вечната балада „Јесен у мени“.