На 22.07.2022 во 21.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Демир Хисар, на место викано „Бели Мост“ пред с.Лисолај, патничко моторно возило „форд фиеста“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од 46 годишно лице од Битола, излетало од патот.
Според соопштението на МВР, во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.












