Учениците и наставниците од СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито” од Битола, денеска во просториите на училиштето имаа обука за тоа како да постапат во случај на земјотрес.

Експертите од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) одржаа предавање со симулација на евакуација во случај на земјотрес, со цел средношколците да научат како да се заштитат себеси во првите моменти во случај на земјотрес.

Иако, теоретски за земјотресите учат на часовите по физика и географија, на учениците им се потребни и практични вештини за спасување.

Модерните градби се отпорни на земјотресите, но опасност сè уште има. Наместо од конструкцијата, опасноста во главно доаѓа од сè што е прицврстено на ѕидовите и таваните во затворените простории, како што се училиштата.


На денешното предавање и симулација во битолската гимназија, учествуваа и експерти од Албанија, Грција и Италија, кои се дел од на проектот Интегративно зајакнување на свесноста за сеизмичките ризици (ИСРА), чија цел е да се подигне свеста кај институциите, здравствените власти, училиштата и локалната заедница во пограничниот регион.
Обуката е се одржува во рамки на проектот Интегративно зајакнување на свесноста за сеизмичките ризици (ИСРА), на која покрај Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИЗИИС, учествуваа и партнерите од Аристотел универзитетот од Солун, Грција; Фондација Еуцентре од Павија, Италија; Политехнички универзитет од Тирана, Албанија. Проектот е финансиран од Европската комисија.












