Под мотото „Еколошко училиште е здраво училиште“денеска ОУ Св.Климент Охридски од Битола се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на здравјето, 7ми Април.
Со приредба и повеќе активности учениците пред присутните покажаа зошто е важно да учат во здраво и еколошко училиште.

На настанот присутна беше и специјалната претставничка на СЗО во Македонија др. Ан Јохансен, како и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
Училиштето Св.Климент Охридски од Битола е едно од четирите училишта од Македонија кое е дел од прокетот „Еколошко училиште е здраво училиште“, проект на Министерството за образование и Министерството за здравство, а во соработка со СЗО.












