Четириесет отсто од жителите на Киев денеска немаат греење по руските напади во текот на ноќта, соопшти на Телеграм воената администрација на главниот град.
Атомската централа Запорожје по руски напад е отсечена од електричната мрежа, се вели од Енергоатом,компанијата која управува со централата.
Руската армија во текот на изминатата ноќ, според украински наводи, нападнала повеќе региони на исток, југ и запад на земјата.
Пет лица загинаа во Лвов, потврдија локалните власти, додека во Харкив и Одеса се погодени станбени и инфраструктурни објекти.
За експлозии се јавува и од главниот град Киев.












