ТЕРА

REKLAMA???

ЕРДОГАН ВО ПОСЕТА НА СРБИЈА, ХРВАТСКА И БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска ја започнува тридневната турнеја во рамките на која ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.

Од турнејата, како што јави турската агенција Анадолу, се очекува дополнителен развој на и онака добрата соработка на Турција со тие земји во политичка и економска смисла.

Ердоган денеска во Сараево ќе ја започне посетата на регионот, каде што ќе разговара со највисоките претставници на Босна и Херцеговина.

Претседателот на Турција потоа ќе престојува во официјална посета на Србија, а домаќин ќе биде претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопштено е во Белград.

За време на посетата на Хрватска на 8 септември Ердоган ќе разговара со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Собранието Горан Јандроковиќ.