ТЕРА

REKLAMA???

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ЗАГУБИ И ВО НАШИЦЕ, ВТОР СЕХА-ПОРАЗ ЗА БИТОЛЧАНИ

Нексе Нашице – Еурофарм Пелистер 29-25 (15-12)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да го поправат впечатокот, беа совладани од Нексе на гостински терен во Нашице со 29-25 (15-12) во рамките на второто коло од групата Б во регионалното натпреварување.

Битолчани оставија подобар впечаток од дуелот во Нови Сад во понеделникот, но пак играа периодично, често грешеа, а немаа ниту расположени голмани. Радовиќ беше најефикасен со пет гола од пет обиди, сите од пенал, четири постигна Костески, а по три запишаа Хосни и Хенеберг.

Еурофарм Пелистер во следното коло закажано за 2 март во првиот домашен меч сезонава ќе ја пречека Војводина, во обид да се одмазди за поразот во Нови Сад и да ја забележи првата овосезонска победа во регионалното натпреварување.