ТЕРА

REKLAMA???

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ИЗВИСИ, МАКЕДОНИЈА БЕЗ ПРЕТСТАВНИК ВО ЛШ НА ЕХФ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави листата на клубови кои аплицирале за место во Лигата на Шампионите за сезоната 2022/23. Ракометната Федерација на Македонија го пријави Вардар за претставник на мак-ракометот, но по суспензијата што им беше изречена на „црвено-црните“ од ЕХФ, од денеска веќе е јасно дека Македонија ќе нема претставник во елитното европско натпреварување.

Еурофарм Пелистер како вицешампион не е во игра, откако битолскиот клуб не се најде на листата на екипи пријавени за настап во Лигата на шампионите. Девет места се загарантирани, за шампионите на најдобрите држави според ЕХФ-рангирањето: ГОГ од Данска, Барселона од Шпанија, ПСЖ од Франција, Магдебург и Кил од Германија (единствена земја со две загарантирани места), Пик Сегед од Унгарија, Киелце од Полска, Порто од Португалија и Динамо Букурешт од Романија.

Од државите кои веќе имаат еден претставник во ЛШ, за втора вајлд-карта аплицираат Алборг (Данска), Гранолјерс (Шпанија), Веспрем (Унгарија), Нант (Франција), Висла (Полска), Спортинг (Португалија) и Баја Маре (Романија).

Воедно, шест тима кои имаат место во Лигата на Европа на ЕХФ аплицираа за промоција во највисокиот ранг на натпреврување: Загреб, Елверум, Целје, Иштад и Шафхаузен.