ТЕРА

REKLAMA???

ЕУ БАРА НАЧИН ДА ГИ ОТКАЖЕ НАРАЧКИТЕ ОД ФАЈЗЕР

Земјите членки на Европската унија го засилија притисокот врз Фајзер и другите производители на вакцини повторно да преговараат за договорите, предупредувајќи дека милиони дози вакцини кои повеќе не се потребни ќе пропаднат.

За време на најтешката фаза на пандемијата на коронавирусот, Европската комисија и европските влади, стравувајќи од недостиг, се согласија да купат големи количини вакцини, главно од американскиот Фајзер и партнерот Бионтех од Германија.

Откако пандемијата престана во Европа и се забави вакцинацијата, многу земји сакаат измени на договорот за да се намалат пратките, а со тоа и нивната цена.

Полска, земја која води во повиците за ревизија на договорот, има на залиха повеќе од 30 милиони дози вакцина, а според постоечкиот договор треба да купи уште 70 милиони дози, изјави полски дипломат.