Заболувањата на срцето не се веќе проблем само на лицата во длабока старост. Бројот на заболени во работоспособна возраст станува се поголем. Имајќи го срцето на ум во „Жан Митрев„ во Битола, со спец. Д-р Ана Вељановска зборувавме како да се заштити срцето. Таа е доктор специјалист 20 години, а во последните 4 години е дел од тимот на „Жан Митрев Дијагностик“ . Работи во битолскиот центар, но дел од своите задачи и прегледувања ги обавува и во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.
Тера: Колку често еден човек треба да прави кардиолошки прегледи?

Д-р Ана Вељановска: Кас сите пациенти е различно, зависи од возраста и ризик факторите. Под 40 години препорачуваме кардиолошки прегледи на 3-4 години, а кај пациенти со 40годишна возраст препорачуваме еднаш годишно, понекогаш и на пократок период доколку пациентот има семејна историја за кардиовсакуларни заболувања, има притисок и покачени вредности на холестерол.
Тера: А за 50, 60 годишна возраст?
- 50-60 еднаш годишно задолжително
Тера: Кои се најчестите причини за заболување на срцето кај нас?
Д-р Ана : Кај нас најчести причини се нездравата исхрана, седентарен начин на живеење, значи немање на физичка активност, пушење, конзумирање на алкохол, сите тие се највисоките ризик фактори кои доведуваат до оштетување на срцето и крвните садови.
Тера: И како може еден човек да ги препознае проблемите со срцето доколу претходно немал ништо?
Д-р Ана: Па најчесто се манифестира преку градна болка, значи нелагодност во градите. Може исто така да се манифестира преку замор, вртоглавици, нерпавилна и забрзана срцева работа или само забрзана срцева работа. Но, доколку се јави градна болка којашто трае неколку минути интензивно и нејзино пропагирање кон врат, вилица , лево , десно рамо и подлактици, во тој случај итно треба да се побара медицинска помош.
Тера: Технологијта е значаен момент денеска во нашето општество. Како влијае на Кардиологијата?

Д-р Ана: Одлично. Во пракса нам ни е кардио-васкуларниот пакет за преглед на пациенти кој опфача ЕКГ, мерење на притисок, Ехо на срце – со овој апарат што е зад мене а е најсовремен. Потоа во истиот акт гледаме Доплер на каротиди кои ни се огледало на душата, Доплер и циркулација на долни екстремитети, скрининг на внатрешни органи. Во нашиов центар исто така располагаме со најсовремен компјутер кадешто јас како кардиолог , и тоа е многу начајно, го изведувам Калциум Скоринг-от. Тоа е компјутерско снимање кое ми е најважно бидејќи ми кажува за тоа какви се коронарните крвни садови – дали се во ред, дали има плаки, дали нема плаки … и се бодува. Доколку добиеме ско над 400 во тој случај пациентот го упатуваме на инвазивна методаза понатамошно доиследување. Тоа значи дека многу рано може да превенираме акутен инфаркт, тоа од што сите се плашат.
Тера: Кoја е инвазивната метода?
Д-р Ана: Инвазивната метода потоа е коронарографија.
Тера: Што препорачувате за превенција на срцеви заболувања?
Д-р Ана: Па во превенција на срцеви заболувања препорачуваме физичка активност, задолжително 30 минутно вежбање, отприлика околу трипати неделно, со сопствена тежина, кардио тренинг, балансирана исхрана со повеќе овошје, зеленчук, протеини, престанување со пушење и конзумирање на алкохол.
Тера: Велите градна болка, треба да биде напред или назад на телото? И во таква ситуација, што може да направиме за сами да си помогнеме пред да стигнеме до медицинската помош којашто Вие ќе ни ја пружите?
Д-р Ана: Ако градната болка е акутна и јака, во тој случај се препорачува пациентот да мирува, да не се движи и длабоко да дише. Во тој момент не смее да има физичка активност. Тоа е многу јака градна болка којашто некогаш може да доведе и до губиток на свест кај пациентот. Но пред се мора да мирува.
Тера: И страшно е, така се доживува?
Д-р Ана: Па пациентите кажуваат дека доживуваат и страв.
Тера: Се зборува дека стерсот е „тивок убиец“. Колку стресот може да повлијае врз здравјето на срцето?
Д-р Ана: Влијае. Многу влијае. Бидејќи при стрес се лачат многу хормони, кортизол, адреналин, коишто имаат тенденција да ги стеснат крвните садови со тоа што доведуваат до покачување и на крвниот притисок и врз забрзана срцева работа. Така , во континуитет на тојо стрес, со ослободување на хормони може да доведе до оштетување на срцето и на крвните садови.
Тера: Значи кои би биле препораките? Стрес – не, овошје – да, ( Д-р Ана: зеленчук -да) што правиме со свинското? Прашањето е дали има тајна формула за здраво срце?

Д-р Ана: Да си го сакаме сопственото срце, да се грижиме за него. Промена на малите навики денес, ќе спасат животи утре.
Тера: Што би им препорачале на нашите гледачи?
Д-р Ана : Да се грижат за себе, за своето срце, да имаат оптимална физичка активност во текот на неделата, оптимална исхрана богата со зеленчук, овошје, да имаат време за себе, да си посветат време за себе и да уживаат во секој миг од животот.
Тера: Како Ве наоѓаме?
Д-р Ана Вељановска: Ме наоѓате во Дијагностички центар „Жан Митрев“ во Битола, на ул. Север Југ бр. 3.
-И на крај да напоменам дека освен кардио-васкуларниот пакет кој што го работиме, дополнително работиме и Васкуларен Доплер со посебен осврт на венската циркулација, исто и на артериска циркулација, имаме лабораторија којашто мене како кардиолог ми е од многу големо значење бидејќи го добивам комплетниот липиден статус и другите параметри коишто се неопходни за проценка на пациент со кардиоваскуларни заволувања, имаме Рентген дијагностика… Исто од огромно значење во кардиологијата се 24 часовните ЕКГ и АББ Холтер мониторинг. Тоа се апарати кои ги местиме и пациентите ги носат во рок од 24 часа и го мониторирам срцето и крвниот притисок. Исто, работам Транскранијален Доплер. Тоа е дијагностичка метода за брза евиденција, доколку постои отвор помеѓу лева и десна предкомора којашто после раѓањето треба да се затвори. Кај некои пациенти останува минимален отвор и најчесто, првата манифестација знае да биде мозочен удар.. Така, со Транскранијалниот Доплер особено кај млада популација, доколку матичен лекар или педијатар наслуша некој шум, би било добро да се проследи пациентот , без разлика дали е помлад или повозрасен, да го иследиме со Транскранијален Доплер.

Погледнете го целото интервју во прилогот подолу, врската ве води до YouTube
Заклучокот е единствен, навиките се клучни за здравјето на срцето, но и редовните прегледи. Дијагностичкиот центар „Жан Митрев“ го штити вашето срце.













