ТЕРА

REKLAMA???

ЖЕШКО ВРЕМЕ И УТРЕ, ВО БИТОЛА ДО 32 СТЕПЕНА

Времето денеска сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови
за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. Во Битола до 31 степен.

Утре ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Дневната температура во Битола до 32 степена.

Во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Температурата ќе биде во опаѓање.