Факултетите и Високата школа на УКЛО покрај книги на жалост ќе организираат активности што може да им помогнат на студентите да се справат со тагата и емоционалната вознемиреност. Во рамки на овие активности ќе се спроведат креативни работилници, дискусии и други методи кои ќе обезбедат простор за изразување на емоции и мисли. Студентите кои чувствуваат потреба за разговор или имаат потреба од советување по повод трагичниот настан, се охрабруваат да се обратат на психолошкото советувалиште на УКЛО. Психолошкото советувалиште на УКЛО ќе остане достапно за секој студент кој има потреба од помош и поддршка. Ние денеска разговаравме со проф.Д-р Гордана Ристевска-Димитровска, една од носителите на психолошкото советувалиште на УКЛО.

Психолошкото советувалиште на УКЛО функционира од 2019 година, во времето на КОВИД пандемијата. Работи до денес, за сите дилеми и психолошки проблеми пред кои се исправени нашите студенти. Проф. Гордана Ристевска Димитровска е специјалист психијатар, секојдневно контактира со студенти и како професорка на Високата Медицинска Школа.
Дали македонското општество од вчера се наоѓа во колективна психолошка траума?
„Апсолутно, државата е во тага, целата држава се соочува со многу страшна трагедија. Најрвин изразувам сочувство во мое име и во име на целиот универзитет Св. Климент Охридски особено тимот на психолошкото советовалиште на УКЛО.
Сочувствуваме, длабоко сме потресени од загубата на толку многу лица, толку млади луѓе, навистина сите не потресе и нема, сигурна сум дека не постои ниту еден во оваа земја кој не е длабоко потресен .“
Поимот колективна психолошка траума, што тоа всушност значи?
„Тоа значи дека целото општество се разнишува во својот корен. Значи дека секој човек почнува да се преиспитува себеси, каде се наоѓа, што прави , што чувствува , една голема загуба што чќувствуваме , чувствуваме премногу, а во истовреме се јавуваат многу големи импулси на страв, на нагон за преживување. Од друга страна пак се јавува потреба да се сочувствува, потреба да се изрази тагата, да се изразат другите емоции кои луѓето ги доживуваат. “

Треба да се остават државните органи да ја завршат својата работа сега, вели проф Ристевска-Димитровска, но мора да се знае дека сите реагираме иако сега сме во првата фаза на оваа колективна трагедија.
„Сеуште сме во раните фази на оваа колективна траума , разбирливо е дека се појавува многу тага и се појавува и многу гнев; беспомошност , мислам дека сите го чувствуваме, јас чувствувам во секој случај , чувствувам и гнев, чувствувам и тага сето тоа е измешано. Кај младите луѓе е уште повеќе нагласаено, затоа што адолесцентите младите лица ги чувствуваат силно емоциите и не толку знаат , не се доволно зрели можеби за да може да ги доживуваат сите овие чувства во исто време. Значи ако еден возрасен, стручен човек чувстува толку длабоко како што јас чувствувам, верувам дека кај помладите ситуациајта изгледа уште пострашна.“
Негативното чувство мора да се канализира кон продуктивност за да нема повторување на вакви и слични трагедии. Особено затоа што сега е потребно сплотување на граѓаните, разговор за се што се случува, помош едни на други.
Тера: Битола не е засегната, или барем досега нема информација дека меѓу жртвите има некој од овој град. Но, што да прават возрасните кои имаат деца студенти или среднoшколци кои се надвор од градот, како да ги препознаат своите чувства, како да се справат со нив ?
„Сите го препознаваат и реално ова веќе не е ниту аксиозност, ова е директен страв и разбирлив е стравот. Сега природно е родителите да се погрижат децата да им бидат безбедни, тоа и државата се погрижи во принцип затоа што со оваа недела на жалост се ќе биде затворено и нема да има такви места кадешто може да се собираат младите па да бидат дополнително во ризик. Плус тоа ветуваат дека многу брзо ќе се направи инспекциски надзор на сите објекти за да се врати малку- од- малку довербата во системот. Тоа е долгорочно и не е лесно.“- вели проф. Ристевска-Димитровска и додава,
„Така што стравот е оправдан во овој момент, но неможеме да дозволиме да живееме во страв односно да не живееме. Во еден момент ќе треба да продолжиме да живееме.“
„Во овој период е нормално да се изрази повисок степен на страв па во одредени моменти наликува и како да не е реалистично, претерано многу да се стегаат децата и да се држат покрај себе во овој период. Сега е здраво тоа.“
„Не е проблематично ако неколку дена семејствата се сплотат, повеќе разговараат за оваа тема. Всушност многу добро би било семејствата да разговараат на оваа тема, да ги разгледаат сите стравови кои се појавуваат, затоа што младите може да имаат некое мислење а тоа да не е точно. Може да им недостига информација, да не го разбираат системот како функционира во целина. Така што убаво е семејствата да го разговараат ова меѓу себе. И со помладите членови на семејството, оние кои може да разберат, сега се разбира со многу мало дете сигурно нема да се разговара во детали за оваа ситуација, меѓутоа семејствата внатре треба да разговараат и, ако нешто преземаат, да преземат нешто што би можело да помогне на некои други луѓе доколку се во можност за тоа. “

Наша задача, на секој поединец кој и не е директно засегнат е да се помогне, тоа и вчера го видовме преку различните повици и покани пренесени од социјалните мрежи упатени кон членовите на семејствата на жртвите и во Македонија и во државите во кои се упатени повредените. Општеството се организира со тимови за психо-социјална поддршка вели професорката Гордана Ристевска-Димитровска.
„Многу е во ред да се направат места кадешто луѓето ќе ги изразат својата тага и своето сочувство. И овие собири како што еве денес Универзитетското студентско собрание организира на плоштадот Магнолија, тоа е убаво, исто така и УСС на УКИМ во Скопје се организира, во Кочани, таму веќе постојано тече. Сето тоа е важно, за да можеме да имаме малку барем надеж дека колективно ќе зацелиме. Работаа е случена и сега со последиците се справуваме. Наша заедничка, колективна задача е да дозволиме, да овозможиме, да направиме промена. Тоа ќе се случува полека, ќе се случува постапно, и воп секој случај треба да помогнеме да се случи затоа што ако пак не научиме ништо, како што не научивме и не променивме ништо со модуларната болница ( Тетово) кадешто многу слична е ситуациајта како се случи, можеби самите факти беа различни, меѓутоа суштински системот потфрли. И ништо не научивме од загубата на тие 14 животи. Ако и сега не научиме ништо и не промениме ништо , ќе биде ужасно за целото општество. “
Животот не дава никакви гаранции, секојдневните споделени информации на сите телекомуникациски канали не изложуваат на траума и ние луѓето повеќе или помалку имаме кондиција. Но некој некогаш „пука“, друг „паѓа“. А животот пак, продолжува.
Тера – Вие и Вашата колешка сте отворени за студентите од УКЛО?
„Да, нашето студентско психолошко советовалиште на универзитетот Св. Климент Охридски функционира од 2019 година, многу слична ваква помош дадовме и кога беше пандемијата, така што слободно може да не контактираат студенти , академска заедница, студенти кои не се од нашиот универзитет од целата држава, па и млади лица може да на контактираат кои сметаат дека имаат потреба од некаква помош. Покрај нас се организира и психолошката комора на државата и тие објавија список ( на психолози и психијатри н. з) кој циркулира по социјалните мрежи за да може да се пружа помош, за да им помогнеме малку на службите кои се директно на терен и оние кои излегоа во тие кризни интервенции за сите, каде што можеме, стоиме на располагање. “- вели проф. Д-р Гордана Ристевска – Димитровска.
За психолошкото здравје на населението по оваа траума најважно е дали и по две или пет години ние како општество сеуште ќе се занимаваме со стандардите, со против-пожарните правила или со фалсификуваните дозволи или по оваа трагедија ќе ја научиме лекцијата, вели проф. Ристевска – Димитровска.
Во спротивно, поразот што го доживеа оваа генерација македонски граѓани, ќе доведе до вистински пораз на државата, во која наталитетот е се помал, и се намалува пропорционално со растот на желбата на населението да живее во некоја друга држава.
разговорот во целост, во видеото подолу
фото насловна: 360степени












