ТЕРА

REKLAMA???

ЗАВОД И МУЗЕЈ ЌЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ПРЕДМЕТИТЕ И ПАРТИТУРИТЕ НА КИРИЛ МАКЕДОНСКИ

Годинава се навршуваат 100 години од раѓањето на Кирил Македонски  и 41 година од неговото напуштање на овој свет. 40 години подоцна, ќерката на авторот на првата македонска опера – Кирил Македонски на НУ Завод и Музеј во Битола им предаде оригинални документи и партитури кои говорат за животот и делото, заветот што го остави  големиот композитор роден во Битола.

НУ Завод и Музеј информира дека идејата за музејска спомен соба на Кирил Македонски е чекор до остварување. Имено, од вчера оваа Национална устаноа е носител на правата за зачувување и презентација на се што е показател за животот и делото на големиот композитор родумод Битола.

Повеќе од 300 книги од семејната библиотека, 20 регистратори со ретки документи, 3 семејни фото албуми, опери, партитури, либрета, писма, оперети за деца, хорски дела, симфонии, филмска и драмска музика, детски песни, ретки списанија, плакати за настани, дипломи, награди, лични предмети, лични документи, се само мал дел од обемниот материјал што ќерката на Кирил Македонски, д-р Пламенка Македонски, ги достави викендов до Завод и Музеј. – информираа од установата.  Пасошот, членските карти од библиотеките, дури и пенкалата со кои ги пишувалк своите музички дела се дел од предметите кои се доставени, оригинали на партитури – музика која е изведувана, а некои и не се изведувале досега.

Големиот композитор, автор на првата македонска опера „Гоце“, автор на уште две опери „Цар Самоил“ и „Илинден“ и авто на многу хорски дела, музика за радиодрами,  театарски пиеси, краткометражни филмови како и музиката за легендарниот игран филм „Македонски крвава свадба“ е роден пред 100 години. Битола го одбележува неговото големо дело, а пред 10 години првпат јавно се говореше за музејска спомен соба којашто низ предмети кои припаѓале на  композиторот  кој се вградил во македонската музичка антологија.

„Полифонска поезија, снажна, по малку нарцисоидна, со елементи на свесно одење кон една модерна концепција, лаборатористки правена со точно пресметана доза на произволно и строго , поединечно и општо, ефектно, топло – ладно.“ – вели критичарот  за првото музичко дело со кое Кирил Македоски во првата половина од минатиот век го привлече вниманието на публиката, чии ноти ги слушате како фон на овој прилог.

Според споделената информација, д-р Пламенка Македонски на стручниот тим од битолски Завод и Музеј донирајќи ја 100 години акумулираната историја, им посочила дека има голема доверба во нивната стручност, професионалност да ги сочуваат донираните предмети, документи и партитури. Истовремено државното музичко училиште доби право да изведува дел од музичките дела. Премиерно или како праизведба ќе се слушнат на свечената академија и работилницата којашто се реализира како проект на НУ Завод и Музеј финансиран од Министерството за култура. И токму тоа го зголемува значењето на информацијата којашто доаѓа од Завод и Музеј – со отворањето на спомен соба знаењето за Кирил Македонски станува достапно за учење и уживање, истовремено и седоштвото останува живо.