ТЕРА

REKLAMA???

ЗАВРШИ ЕВРОПСКИОТ РЕКТОРСКИ ФОРУМ ВО БИТОЛА

Ректорскиот форум што се реализира во Битола денеска го имаше својот последен ден. Панел дискусиите и тркалезни маси за иднината на европското универзитетско здружување завршија, а гостите на универзитетот денеска беа во Охрид, на Факултетот за туризам и угостителство.

Теренско истражување на тема „Туризам“, активност на работен пакет 3 од Алијансата КОЛОРС се реализира денеска на Факултетот за туризам и угостителство при универзитетот „Св. Климент Охридски“. Настан на кој денеска гостуваат и активно учествуваат гостите на Универзитетот во рамките на 9от Ректорски форум на европски универзитети што се реализира деновиве во Битола.  Теренско истражување е фокусирано на туризмот, како регионален приоритет. Учесниците  имаа единствена можност подлабоко да ја истражат темата, преку споделено практично искуство, како и да се дел од интерактивната сесија – академската дискусија солокални туристичкиексперти,  туристички работници и професори – истражувачи. „Приликата, ректори и проректори гости од Форумот да се вклучат во настанот, произлегува од суштината на ова важно академско – регионално тело за соработка,  чии приоритети се универзитетските сојузи, универзитетските вредности и алијанси, што за УКЛО е исклучителен момент, бидејќи се реализира во светлината на неговата актуелна вклученост во Алијансата КОЛОРС. “ – велат од канцеларијата за односи со јавност во Ректоратот.

Во рамките на работниот пакет 3 се зборуваше за богатото културно и историско наследство на Охрид, орхидското езеро како посебен биосистем но со посебна туристичка вредност и статусот на светско наследство заштитено од УНЕСКО. Средбата овозможи вмрежување на професионалците од сите области.  Ова воедно е и последната активности што се реализираше во рамките на 9от европски ректорски форум на која ректори, заменици ректори, претседатели и професори од универзитетските алијанси КОЛОРС, ЕУТОПИЈА и ЈУФЕ дискутираа за иднината на европското универзитетско здружување.