Од Општина Новаци информираат дека за како што велат, само десеттина дена од започнувањето со работа успеаа да ја завршат темелната реконструкција на една од поголемите улици во Добромири со должина од 503 метри.
„Овој значаен проект, реализиран во соработка со Министерството за локална самоуправа, носи подобрена инфраструктура, поголема безбедност во сообраќајот, поврзување со новата пречистителна станица што наскоро ќе започне да се гради“ велат од општината.