Се одржа јавна расправа за реформскиот пакет закони за дигитална трансформација, а тој паќет ги содржи предлог законот за електронските комуникации, предлог законот за безбедност на мрежни и информациски системи, како и предлог законите за изменување и дополнување на законот за архивски материјал и архивска дејност и на законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

Експерти од областа и засегнати страни ги истакнаа своите ставови, предлози и забелешки по предлог-законите за што поуспешно нивно носење и имплементирање, а ресорниот министер Стефан Андоновски повика да се донесат навреме, квалитетно и со консензус.
Како што соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во согласност со Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан, со донесувањето на реформскиот пакет закони за дигитална трансформација Македонија добива пристап до повеќе од 19 милиони евра, од кои 5,7 милиони евра се наменети како директна буџетска подршка. Овие 19 милиони евра, како што рече, се неколкукратно поголеми од вкупниот буџет со кој располага Министерството за дигитална трансформација.

Претставувајќи го напредокот во реформската агенда 2024-2027 Андоновски рече дека тој не е декларативен туку конкретен, мерлив и усогласен со европските приоритети.
На јавната расправа зборуваше и пратеникот Милевски кој е член на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и посторно планирање и кој кажа дека тој ќе го пренесе мислењето и очекувањата на граѓаните, од средбите кои што ги имал.
„Сепак граѓаните се многу среќни од она што јас како пратеник и честите средби со граѓаните во Битола го разговараме и од она што може да се види од нивното поимање за сето ова што се случува во делот на овој реформски пакет закони, пред се секако ги очекуваат услугите на дигитален паричник, електронска потврда на своите атрибути, електронски записници, електронскиот потпис, печатот на далечина, нормално сертификацијата и сето ова го очекуваат што побрзо за да се почувствуваат повеќе европски, поблиску до стандарот во кој што живеат граѓаните во Европската унија, односно во западните држави“ рече пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски.

Милевски зборуваше и за законот за архивски материјали, низ призмата на неговото претходно работно искуство.
„Предлог законот за архивски материјал и архивска дејност кој што исто така е многу важен и на кој што јас ете претходно како вршител на други функции во интерес на граѓаните сум се соочил со застарен начин на функционирање на архивирањето или архивската граѓа, водењето на тие постапки, на тој начин мислам дека унифицирањето во тој дел е многу важно“ вели Милевски.
Сето ова е важно кажа Милевски во делот и на она што Македонија го очекува почетокот на преговорите со Европската унија, но потенцираше дека најважно за граѓаните е намалување на бирократијата.
„Пак ќе кажам на крајот, најважно за граѓаните е намалување на бирократијата и подобрување на услугите, додека во исто време ќе се осигураат за заштитата, важноста и сигурноста на документите со кои што се обраќаат, комуницираат помеѓу себе и граѓаните, но и со институциите, така што силно ги поддржувам и јас како пратеник, но и граѓаните. Општиот впечаток е дека сите сакаат намалување на гужвите, намалување на трошење на време, чекање пред инститции, секако тоа го кажавме и на прес конференција дека многу скапа валута во ова време е човечкото времне, односно времето на секој наш граѓанин, на секој поединец“ рече тој.
Кажа и дека верува оти сите ќе го поддржат, дури и оние кои не биле присутни на седницата на комисијата.
„А и овие кои што не се тука, колеги, други пратеници, пратеници од опозицијата, претпоставвам дека е само поддршка на спроведениот процес, токму веројатно и затоа не се присустни, го препознаа овој позитивен потег на експертите, на јавноста, на министерството“ кажа Милевски.
На пленарната седница очекува дека и тие ќе дадат поддршка на пакетот реформски закони.












