ТЕРА

REKLAMA???

ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ И НА ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК И ХИГИЕНСКИ ПРОИЗВОДИ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека се завршени анализите во делот на цените на овошјето и зеленчукот и врз основа на тие анализи ќе следуваат исто така мерки кои ќе се однесуваат на можно намалување на цените на овошјето и зеленчукот.

„Ги гледаме производните цени и цените кои се во малопродажба каде има прилично голема дискрепанца и мора да се интервенира“, рече Ковачевски.

На утрешната седница на Влада како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши ќе има замрзнување на цените на хигиенските производи.

„Тоа што го најавивме ќе го оствариме и нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во собранието кои не свикуваат комисии, се со цел да донесат закони кои се во интререс на граѓаните, како што беше законот за намалување на стапките на ДДВ за одредени хигиенски производи. Сега со одлука на Влада ќе го направиме тоа“, рече Бектеши.