ТЕРА

REKLAMA???

ЗАРАДИ ЗАКАНИ УЧИЛИШТАТА ВО БЕЛГРАД ОДАТ НА ОНЛАЈН НАСТАВА

Во 70 основни и средни училишта во Белград денеска ќе се организира онлајн настава поради дојави за поставени бомби, изјави помошник министерот за образование на Србија, Милан Пашиќ.

Во изјава за РТС тој нагласи дека 96 отсто од основните и средните училишта во Србија работат по директен модел и дека нема извештаи за бомби надвор од Белград.

Тој додаде дека во сите училишта каде се вршени контрадиверзантски контроли било утврдено дека не биле поставени експлозивни направи.

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека против Србија се води специјална војна и дека целта на сите напади е Србија да престане да води независна политика и да носи одлуки под притисок и страв.