Зарина Првасевда настапи на интернационалниот музички фестивал кој од 12. до 15. април се одржа во Будимешта. Како претставник од Македонија, таа беше селектирана да биде дел од интернационалната програма МОST, која претставува платформа која нуди едукација но и поврзување и вмрежување на артисти,менаџери, фестивали и институции низ Европа, на фестивалот Budapest Ritmo. Се работи за реномиран фестивал на музичката сцена кој се одржува од 2016 година. Еден од најпрестижните светски музички фестивали во Европа и истиот го претставува концептот на внимателно избрани учесници, ревијални концерти и многу повеќе.
Во Будимпешта Зарина Првасевда претстави дел од композциите од нејзиниот прв официјален албум „Ехо“, кој излезе под етикетата на Croatia Records, која важи за најголема и најпродуктивна издавачка куќа на Балканот од ваков тип.

Првиот промотивен концерт на албумот се одржа во Македонската Филхармонија.
Будапест ритмо ги претставува различните музички жанрови и неочекуваните музички идеи. Фестивалот отвора музички универзум каде освежувачките идеи, инструментите, техниките на изведба надвор од мејнстримот и чистата радост на откривањето на музиката завземаат централно место. Секоја година Будапест ритмо ги пречекува најголемите имиња во светската музика на три локации во внатрешноста на градот. Оваа година се прошири со филмска секција со премиери на авторски музички филмови и проекции на документарни филмови.












