АМСМ информира дека на преминот Ники (Меџитлија) од 10:00 часот е воведена забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа, со прецизен рок до 10 јануари во 10:00 часот, додека патничките возила, според истиот извор, треба да се пропуштаат со нормален тек.
Според Авто-мото сојузот на Македонија, граничниот премин Богородица, односно Евзони, ќе биде затворен за сите видови возила од 17:00 часот.
Грчките земјоделци најавија 48-часовно затворање на клучни автопати, клучки и наплатни станици низ земјата, што значи дека и оние што ќе успеат да влезат во Грција може да се соочат со затворени правци и присилни пренасочувања. Во Атина и Солун, но и на главните коридори меѓу север и југ, веќе се регистрираат сериозни прекини на сообраќајот.












