ТЕРА

REKLAMA???

Затворен локалниот пат кон село Мренога бидејќи мостот е оштетен од надојдените води

Затворен е локалниот пат кон селото Мренога, демирхисарско, бидејќи мостот е оштетен од надојдените води, соопшти Центарот за управување со кризи.

Оштетувањата на мостот на „Боишка река“се настанати како резултат на разорното дејство на зголеменото ниво на вода во реката и остатоци од дрвја пред мостот кои го попречуваат нормалното движење на водата под мостот. Оштетувањата на мостот се сериозни (оштетување на лакот на едното поле како носив елемент на мостот што е резултат на поткопување/оштетување на темелот на крајниот столб). До утврдување на фактичката состојба за степенот на општетување на целата конструкција на мостот, се забранува користење на истиот, особено од страна на корисници на моторни возила, соопштија од Општина Демир Хисар.