Институтот за јавно здравје во последниот извештај информира дека во периодот од 09 до 15 септември тестирани се вкупно 285 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 36,5% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 57 нови позитивни случаи, со намалување од 48,6% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 10,0% до 45,0%, просечно 20,9%.
Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 8 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје a највисока инциденца е регистрирана во Делчево.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години.
Во текот на минатата недела (09-15.09.2024) со статус „оздравени“ се стекнале 107 лица. Во овој ист период пријавени се 4 починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово.
Сите починати лица се на возраст над 70 години, 3 од нив се починати во болнички услови, а кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се невакцинирани против КОВИД-19.
Во текот на 2024 година, а заклучно со 15.09.2024, регистрирани се вкупно 1.560 заболени и 20 починати лица асоцирани со COVID-19.
Од појавата на првиот случај на КОВИД-19 во РСМ (26.02.2020 година), а заклучно со 15.09.2024, пријавени се вкупно 351.876 заболени лица и 9.999 починати лица асоцирани со COVID-19.
Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Битола и Куманово, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци.
Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Кавадарци и Прилеп. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка.












