Кон крајот на изминатиот месец од Зоолошката градина споделија со јавноста, како што рекоа пролетна радост, односно добредојде за новите жители.

Едно од нив е и три месеци старото кенгурче во зоолошката градина во Битола, кое е прва рожба на мајката која е тука повеќе од две години.

Семејството кенгури сега е тричлено и како што вели директорот на Зоолошката градина Жарко Тренкоски условите им се добри. Зимно време им се грее и се во затоплена просторија. Вели тој и храната е соодветна за нив, вегетаријанска, ги хранат со салатки, зелка, односно зеленчук и овошје.

Кај младите посетители кенгурите предизвикуваат голем интерес.

Тренкоски вели дека зоолошката градна изминатата недела била посетена и од ученици од градови од регионот.
Работат и во сабота и недела. Цената за влезница е 50 денари, а за деца до 5 години не се наплаќа.
Од понеделник до петок пак е бесплатно за пензионери.
Вели дека зголемена е посетеност и очекува годинава да имаат околу 50 илјади посетители од регионот.

Освен кенгурчето, нови жители на зоолошката се и лами, мајмунче, ноеви, обезбедени се и четири елени, исто бројни новородени копитари и птици.
















