ТЕРА

REKLAMA???

ЗА КОЊАНОВСКИ КАЖА СЕ, А ДАЛИ ЌЕ ГО ДИСКУТИРААТ В ПАРТИЈА НЕ Е СИГУРЕН

Претседателот на битолската СДСМ, Методија Куновски вели дека новиот градоначалник треба да биде чесен, одговорен човек, да има зад себе оставено вредна лична кариера, да биде достапен и отворен за граѓаните и да не биде лажго.

Го прашавме дали се изненадени или очекуваа дека Коњановски ќе ја добие довербата за втор градоначалнички мандат.

„Јас можам да зборувам во овој момент во мое лично име, не сме го разговарале, а можеби и нема ни да го разговараме во партиските кругови, особено не низ телата, бидејќи сме фокусирани на она што е наш приорите, а тоа е изборот на наш кандидат за градоначалник. Во секој случај е потег кој што говори дека не е во периметарот на ВМРО ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски“ рече Куновски и продолжи да зборува за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија и што кажал Мицкоски за проектите.

И вели дека Мицкоски не ја доживува Битола како град на кој што треба да и го даде соодветното внимание и продолжи за проектите, за математиките, за работата на Советот, за кружниот тек и друго.

Фокусот им е на целосно екипирање и структуирање на партијата, за партиските решенија за трката за изборите не зборува многу, а тој уште кога станал лидер на партијата, вели дека не се нафатил заради лични перцепции или лични желби и потреби.

Рече дека ќе ги победат на изборите.