ТЕРА

REKLAMA???

ЗА 6 МЕСЕЦИ ПРИВЕЛЕ 31 ЛИЦЕ ЗА ИЗДРЖУВАЊЕ И ДОИЗДРЖУВАЊЕ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ

Во изминатите шест месеци од оваа година, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Битола привеле 31 лицe кои со судски наредби се барале за издржување и доиздржување на затворски казни на подрачјето на СВР Битола, рече на денешната прес конференција, портпаролката Сања Стаматова.

Вели дека најголемиот број од нив биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Битола“, а биле осудени на затворски казни за имотни деликти, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори“ и за други кривични дела.