Дека ова е Широк Сокак сите знаеме, а сите пак не се согласни дека тој навистина е широк. Но, не мора да значи пак и дека името на улицата треба да соодветствува со теренот.

Како запролети така малку стана поотворен, ги нема оние за кои многумина се согласни дека се неубавата слика, па дури и дел од угостителите велат знаеме дека е така, но кое е решението. Неколку пати темата влезе во Советот, но досега не излезе решение. А, до тогаш само се носат одлуки за продолжување на важноста, така беше и пред неколку дека на Комисијата за јавни и комунални дејности пред да оди на пленарна седница.
А, како ќе оди ќе видиме понатаму во прилогот, оти точката која административно гласи цитирам „Одлука за продолжување на временската важност за поставување на урбана опрема наведена во петнаесеттата измена и дополнување на програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на подрачкето на Општина Битола“, како да направи една театарска анегдота позната од бивша Југославија, која во оригинал гласи „Збуните завесу, спустио сам се“, а за да не бидеме казнети ќе се самопреведиме, „Збунете ја завесата, се спуштив“.
А, што доведе до еве една ваква констатација.
Прво претставникот на општината ја кажа одлуката за продолжување на важноста. Се однсеува на делот од почетокот до крајот на корзото. За Корлевски првиот дел не беше нејаснен, но што е со вториот дел за дополнувањето на програмата, во делот каде што ја спомена колешката Трајковска која мислеше дека не е на седница, а таа два- три реда погоре од него.

Се јави и Трајковска која раководи со таа комисија која треба да изготви нова програма, но од тоа засега нема на терен конкретно ништо. Праша за објектите во Старата чаршија и доби одговор дека тие објекти не се предвидени во оваа петнаесетта измена.
Пред недела дена ја добила новата верзијата но програмата , но не знаела дали да ја сподели со другите, оти само таа ја добила, на што Бојкоски кажа дека треба да се организираат и да се види што е предвидено во неа.
А, потоа Корелевски и со контастацијата дека работата се закатанчила, а спорно било што е тоа измена и дополнување на програмата.
Од десната страна повторно објаснување за истото и така натаму се објаснуваа и толкуваа што сака да кажи оваа точка вака формулирана.
Претседавачот со комисијата со предлог да се побара правно толкување.

И по сето ова, никакво друго дополнително прашање немаше оти зборот дополнување, толку ги истроши со дискусијата што беше очигледна и збунетоста кај некои.
Завесата не се збуни… а, топката ја вратија кај администрацијата на градоначалникот, но гласаа едногласно за онака како што првично гласеше точката.












