Македонската историја е исполнета со војни и освојувања, ослободувања од војски кои припаѓале на други земји. Македонската историја на независност покажува грижа за поголемиот дел од спомениците кои сведочат на бурното македонско и балканско минато. Таков е примерот и со спомен-костурницата на Зебрњак, рид над Куманово од кадешто се гледа и Србија.

Секоја година српската заедница во Македонија ја одбележува годишнината од Кумановската битка. Се случила на 23 и 24 октомври 1912 година. 90.000дна Српска војска во која имало и Македонци се судрила со османлиската војска и ги поразиле. Оттогаш започнал и падот на Осмалиското царство на Балканскиот полуостров. Се работи за првата Балканска војна. Идејата за ова обележје доаѓа од одборот на војни ветерани на српската армија, кои десет години по Кумановската битката сакаат да ја обележат нејзината локација.
Зебрњак била клучна стратешка позиција. Лоциран е 6 километри од Куманово, покрај патот кон Младо Нагоричане, од пред неколку недели со асфалтен пат кој води ндо 50тина метри под спомен-костурницата.

Уште во 1922 година група српски воени ветерани формира одбор со цел да се подигне споменик на загинатите војници на 23. и 24 октомври 1912. во Кумановската битка – вооружен конфилкт кој ја одлучи исходот на Првата балканска војна.
Задачата му била доверена на Момир Коруновиќ- архитект од попско семејство. Студирал архитектура во Белград, се усовршувал на Политехничкиот универзитет во Прага . На почетокот на Првата Балканска војна бил мобилизиран и учествувал во војната. Потоа станал дел од српската влада и започнал да гради споменници.

Момир Коруновиќ е автор на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Прилеп, белградската нова пошта, и преку 123 објекти Соколани на територијата на тогаш Краљевина Југославија, затоа што бил основоположник на друштвото за промоција на спорт „Сокол“.
Окружен со духовното преку професијата на својот татко, во неговиот ум се врежала византиската црковно-градителска структура. Во своите проекти сепак внел дел од својата традиција, па затоа важи за основоположник на српско-византискиот архитектонски стил.
Спомен костурницата имала свој зачеток во 1937 година, на 25 годишнината од Кумановската битка, за време на осветувањето биле положени посмртните останки на околу 400 припадници на српската војска кои дотогаш биле чувани во манастирот Свети Ѓорѓи во Нагоричане. До денес таму се положени телата на околу 700 српски и македонски војници.

Споменикот на Зебрњак е изграден од најтврд базалт и армиран бетон. Имал облика на кула со висина од 48,5 метри. Тоа бил убедливо највискиот споменик не само на територијата на Кралството Југославија туку и на целиот Балкан. Со складни пропорции, овој меморијал можел да се види и од далеку, дури и преку ноќ, затоа што од неговиот купол светел три петро-макс лампи. Тоа било симболично, вечно кандило за починатите, коешто денес го нема – приказната вели во 1942 година свесно, намерно го урнале припадниците на бугарската војска.

На приземје се наоѓаа простории со посмртни остатоци. Над нив, се наоѓал простор, поделен во девет одаи, во кои биле сместени музеолошки поставки. Над подножјето на споменикот, осумнаесет метри од земјата, се наоѓала меморијална капела до која се стигнувало со отворена спирална рампа. На секој агол од спиралната стаза стоеја сталки со оригинални топови кои се користени во битката. Железните скали водеа во простор над капелата во која биле поставени дрвени храстови слуби кои ги спојувале петте спратови на високата кула со бетонските галерии. На самиот врв на кулата, под самата кровна конструкција, се наоѓале споменатите светилки кои во текот на ноќта ја осветлувале околината. На врвот на објектот, се наоѓал крст, додека нејзиниот највисок спрат бил украсен со хералдички знамиња.













