Во Жабени денеска се отвори втората фабрика лоцирана во Индустиската зона. Ќе се занимава со производство на спортска опрема за спортови на вода и со ветер. На свечебото отворање присуствуваше премиерот Христијан Мицковски кој низ своето обраќање посочи на поддршката на владата кон вакви инвестициски проекти.

11 милиони евра, производство коешто преку 90% оди во извоз и 250 вработени кои овде ја започнуваат или продолжуваат својата професионална кариера. Тоа се бројките кои беа денеска претставени на свеченото отворање на само втората фабрика којашто започнува со работа во Индустриската зона Жабени.

Премиерот Мицковски,замениците министри за финансии, економија, пратениците од Битола и регионот, заедно со градоначалникот, секретарот на општината и претседателот на Советот на општина Битола денеска посведочија на стартот со производство на производна компанија за кајтови и крилја. Ова е проширување што го прави инвеститорот Ралф Гросел, кој во 2020 година овде го отвори својот истражувачки центар под истото имеа. ‚ години подоцна, прототиповите на кајтови, крила и друга опрема за спортови на вода и ветер ќе ги произведува денеска свечено отворениот производствен капацитет.

„Денеска имаме приватна иницијатива која што на почетокот на оваа Влада започна со процесот на реализирање на оваа инвестиција и еве денеска сите сме сведоци, а и слушнавте од сопственикот на овој објект дека станува збор за една ретка инвестиција за производи кои што кај нас не така често се користат, а во светот се користат во делот на спортовите на вода, така што нас како Влада ни претставуваше особена чест и задоволство да можеме да поддржиме една ваква инвестиција каде што веќе околу 230 луѓе се вработени, инвестиција во вкупна вредност од околу 11 милиони евра и на тој начин да продолжиме да поддржуваме инвестиции кои што ќе бидат додадена вредност во македонската економија“ рече премиерот Мицкоски.

Честитајќи му на сопственикот за својата храброст и решителност, премиерот Мицковски истакна дека оваа инвестиција на државјанин на странска земја е една од инвестициите кои градат позитивна слика за Битола и регионот и претставува додадена вредност на економскиот амбиент во моментов. Најави две нови инвестиции за кои сепак ќе може да зборува при нивно конкретизирање.

Новата фабрика во ИЗ Жабени е класичен пример на т.н ОЕМ произодство – производител на оригинална опрема во која едната компанија сместена во индустриска Битола досега произвела преку 200 прототипови на оваа опрема за специфичните спортски дисциплини, а производната компанија веќе работи на нивно производство и продажба низ светот. Халата што денеска ја посетија високите делегации на македонската политика и високите претставници на компанијата е со големина од 3.500 метри квадратни. Во најава е изгерадба на уште еден дел од фабриката споен до овој објект што ќе биде распослан на 2.500 метри квадртни. Што само по себе е можност за поголем број вработувања од сегашните 230.












