ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНАТА НАФТА ВО МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА НЕИСКОРИСТЕНА

САМО 10% ОД ЗАЕЛЕНАТА НАФТА КОЈАШТО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО ЈА ДОДЕЛУВА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СЕ КОРИСТИ СПОРЕД СВОЈАТА НАМЕНА. ПРОБЛЕМОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Е ВО ВАЖЕЧКИТЕ КРИТЕРИУМИ СПОРЕД КОИ СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО ДОБИВААТ ВАКОВ ВИД НА ПОМОШ.

Во пресрет на есенската обработка и подготовка на нивите, Министерството за земјоделие неделава најави старт на доделуавњето на картичките за зелена нафта, мерка за која државата обезбедила 584 милиони денари, што е за 12,3% повеќе од претходно.

Но, земјоделците кои секојдневно се занимаваат со производство на земјоделските производи не стигнуваат до оваа помош, којашто може да стигне и до 12,000 денари , пари исклучиво наменета за дизел за земјоделска механизација

За 2026 година, според официјалниот Водич на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, поддршката изнесува од 3.200 до 12.000 денари по хектар, зависно од културата.  Правото и износот се врзани со официјално пријавената земјоделска површина и култура. ако земјоделецот обработува земја што не може официјално да ја пријави, тој може да има реална површина и реални трошоци за гориво, но да нема основ за пресметка на оваа поддршка.

Здружението чиј претсетадел е Тони Петровски во неколку наврати започнало дискусии на темата со надлежните од министерството, но досега нема поинакво решение. Решавањето на имотно-правните односи во државата е регулирано со неколку други закони и е обврска на закупувачите или наследниците да стигнат до соодветна документација која Министерството ќе ја прифати.

Сепак, проблемот не е едноставен. Нива што ја обработувате Вие а е сопственост на вашиот струко пак бара Договор за закуп, што неможе да се направи ако нивата не е заведена во министерството според точната катастарска парцела и со податоци за тоа што е засадено. Ако не се исполни ваквиот услов, тогаш земјоделците не може да конкурираат ниту за една од субенциите кои дражавата ги има наменето за нив, ниту пак во странски фондации, како што е примерот со Програмата ИПАРД